Во болниците низ земјата поради ковид-19 се хоспитализирани 1.297 лица

444

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 812 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа,

– Во болницата во Битола се хоспитализирани 68 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 112, во ковид-центарот во Гостивар 55, а во Струга 21 болни – се наведува во извештајот на Министерството кој се базира на податоци од болниците.

Во болницата во Струмица лежат 79 пацинети, во Кочани 20, во Кичево 15, Кавадарци 40, а во Гевгелија 7 лица позитивни на коронавирусот.

– Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.297 и има колку 150 празни болнички кревети во ковид-центрите – додаваат од ресорното Министерство и напоменуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.