ВМРО-ДПМНЕ со предлози за квалитетно и ефективно справување со корнавирусот

148

Потребно е максимално ангажирање на сите стручни и кадровски потенцијали за квалитетно и ефикасно справување со моменталната состојба во која се наоѓа Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде предлгаат преземање на итни и неодложни мерки се со цел заштита на здравјето на граѓаните и целосно ескалирање на ситуацијата.

ВМРО-ДПМНЕ предлага:

– Итно замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со коронавирусот за месец март.

– Итно замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на коронавирусот.

– Државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со коронавирусот во висина од 50-тина проценти.

– Формирање на стручно тело, од посебен тим на експерти, засилено од постојните државни институции кои ќе прават строга контрола на евентуалните злоупотреби на дефинирање на високи цени за продажба на маски, антисептични средства и други потреби во врска со оваа состојба.

– Да се спроведе итна национална набавка на антисептични средства, заштитни маски и ракавици кои ќе бидат бесплатни за граѓаните.

– Обезбедување на бесплатни средства за заштита на работниците под висок ризик од коронавирус.

– Потребно е работата на државната администрација да се редуцира, односно половина од јавната администрацијата да се ослободи од работа и да се направи цикличен распоред во работата на државните органи. со ваквиот начин на работа ќе се намали и ризикот од брзо ширење на вирусот.

– Отворање на 24 часовна линија за консултации и прашања поврзани со вирусот.

– Удвојување на човечките капацитети на работа во здравствените установи непосредно задолжени за справување со последиците од корона вирусот.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до владата да ги прифати мерките бидејќи здравјето на граѓаните е пред се и над сѐ, велат од партијата преку соопштение.