ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање на специјална државна комисија против ковид-19

60

ВМРО-ДПМНЕ предлага предлог-закон за формирање на специјална државна комисија за заштита и борба против пандемии и епидемии. Како што истакна Антонио Милошоски, тие вчера предлогот го доставиле до министерот за здравство, Венко Филипче, но тој ги одбил.

Опозицијата предлага комисијата да брои 11 члена, меѓу кои министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози 3 членови, епидемиолози 2 членови, микробиолози 2 членови имунолог еден член и специјалист интернист еден член.

– На наше разочарување оваа идеја и предлог не беа прифатени од министерот за здравство. Очигледно е дека министерот за здравство за разлика од мнозинството во јавноста се уште има блиска доверба во неговата советодавна Комисија за ковид што ја предводи докторот Караџовски, за која Комисија ние сметаме дека носи дел од одговорноста за многу ненавремени или за многу несоодветно преземање на мерки изминативе пет месеци. Затоа сметаме дека Македонија мора да реагира посериозно, мора некој за сегашната ситуација да понесе одговорност и мора постручни лица да ги заземат местата на оние членови на Комисијата кои одеа на концертот на Владо Георгиев во дискотеката Мош – рече Милошоски.