Влада: За успешно справување со коронавирусот потребна е вонредна состојба

621
фото: Маја Јаневска Илиева

За успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба, заклучува Владата во насока на предлогот што ќе биде доставен до претседателот, Стево Пендаровски.

На денешната владина седница, беше донесен заклучок до Пендаровски да биде доставен предлог, со извештај за досега преземените активности од државните институции, информираат од владината прес-служба.

Претходно денеска, претседателот изјави дека е извесно оти вонредната состојба, која истекува оваа недела, ќе се продолжи уште нови 30 дена.

Тој рече дека в четврток напладне повторно ќе се одржи седница на Советот за безбедност и доколку до него пристигне барање од Владата, сосема е извесно дека вонредната состојба поради коронавирусот, ќе се продолжи уште нови 30 дена.