Вкупно 1.326 пациенти хоспитализирани поради ковид-19

543
Фото: Игор Бансколиев

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.326. Од Министерството за здравство велат дека има околу 160 празни болнички кревети во ковид-центрите.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 81 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 126, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 24, во Кичево 20, Кавадарци 46, во Гевгелија 17 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корон вирусот.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека е во постојан контакт со сите болници, и доколку има потреба, капацитетите на ковид- одделенијата ќе бидат дополнително проширени.