Вкупната бројка на заразени со ковид-19 во Македонија надмина 9.000

198

Досега во Македонија се направени вкупно 84.916 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.026, бројката на оздравени пациенти е 4.727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во Македонија изнесува 3.885, објави на Фејбук министерот за здравство, Венко Филипче.

Во последните 24 часа се направени 1.700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на ковид-19. Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.