„Ве каниме на свадбата на Вирус и Корона“ – активисти алармираат за состојбата

120

Предупредувачки покани за свадби осамнаа на улиците во Тетово, со цел да се укаже на опасноста од големите прослави поради здравствената состојба во земјата.

Организаторите на акцијата велат дека двојки во Тетово без почитување на протоколите почнале да прават масовни свадби во своите дворови, па затоа сакаат да предупредат на цената од неодговорното однесување.

– Владата забрани јавни масовни собири, а тука спаѓаат и приватните собири за одбележување на семејната радост или тага. Се затворија рестораните кој функционираат само за свадбени прослави, а истите работат со доставување на храна по дома. Но оваа не е пречка за младоженците Вирус и Корона, кои во весела атмосфера во центарот на градот ја одбележаа нивната љубов со огромна свадба. На свадбата се поканети над 300 гости, кои мораат да го почитуваат кодот на облекување – маски, коишто треба да ги држат на рака а не на лице, а истите да се комбинирани со облеката – гласат пораките со кои иронично се доловува апсурдот на организирањето на свадби во дворовите за време на епидемијата.

„Да се игра оро како човек, вирусот го снема – тој е прогласен за мртов“, пишува на поканата за свадба која е поставена во центарот на градот, од страна на младите активисти од Тетово.

Целта на оваа акција е да се подигне јавната свест кај граѓаните за почитување на мерките, да бидат одговорни, солидарни, а се со цел да го заштитиме колективното здравје во нашиот град. Масовните веселби сепак да ги оставиме за некои подобри времиња, порачуваат активистите.