Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

205

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. 

Според последните информации, вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 4.203, а од почетокот на пандемијата па до денес починале 382 лица.

Во моментов во земјата активни се 3.526 од случаите, од кои  1.830 се од Скопје.

Досега се направени вкупно 77.160 тестирања на ковид-19.