Битолскиот театар ги откажа претставите, потврдени се случаи на коронавирус

52

Битолскиот театар ги откажа претставите откако биле потврдени неколку случаи на коронавирус.

– Почитувана наша публико, со жалење ве известуваме дека ни НТБ не остана имун на вирусот ковид- 19. Веќе се изолирани неколку случаи и во тоа име сакајќи да го заштитиме нашиот колектив, а секако и вас драга публико претставите и работата на новата претстава се одложуваат за одредено време – соопштија од театарот.

Исто така, велат од таму, одговорно изјавуваме дека сите претстави, проби, промоции, концерти кои беа организирани во изминатиот период беа изведени под силни протоколи и по сите пропишани мерки за заштита.