Битола 14 дена без ниту еден заболен од ковид-19

220

Битола е еден од ретките градови во државата кој цели 14 дена нема ни еден нов случај на заболен од ковид-19, потврдија од Центарот за јавно здравје во Битола.

Инаку, во Клиничката болница досега се хоспитализирани вкупно осум пациенти кои се наоѓаат во стабилна состојба, а се од струшко-охридскиот регион и се лекуваат во Битола.

Од Битола засега нема хоспитализиран ниту еден пациент позитивен на ковид-19.

М.М.