Без новозаразени од ковид во Прилеп, започна скринингот во градинките

76

Во општина Прилеп денеска нема новозаболени од коронавирус, додека четворица оздравеле од заразната болест.

Од Центарот за јавно здравје-Прилеп информираат дека од почетокот на пандемијата до денеска, регистрирани се вкупно 211 лица позитивни на ковид-19. Во моментов има 44 активни случаи, од кои 27 се наоѓаат на домашно, а 17 лица на болничко лекување.

Центарот за јавно здравје – Прилеп денеска го започна таргетираниот скрининг за вработените во градинките на територија на општините Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Кривогаштани. Тестирањето ќе трае два дена, при што ќе бидат тестирани околу 230 вработени во градинките. Ка.М.