Активни 6.861 случаи на заразени со ковид-19 во Македонија

259

Во моментов бројот на активни случаи со ковид-19 во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица.

Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) и Тетово (367). Од скопските општини само во Аеродром има 649 активно заразени лица, во Центар регистрирани се 510 и Карпош 516.

Хоспитализирани во болниците низ државата се  575 пациенти.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 128 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 3 приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 49, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 286, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Според податоците на Министерството за здравство вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25991, бројката на оздравени пациенти е 18247, а на починати е 883.

Досега во земјата се направени вкупно 231.613 тестирања на ковид -19, а министерот за здравство, Венко Филипче вчера информираше дека лабориите за тестирање работат во три смени, за да се постигне со обработката на тестови.