Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници

138

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница.

– На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата ги прифати измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50 проценти, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75 отсто од вкупниот капацитет на возилата – информираат од Владата.