Во Прилеп, како што информираат надлежните од Центарот за јавно здравје, за 2,7 пати е зголемен бројот на новозаразени од ковид-19. Имено, од 1 до 10 јануари годинава регистрирани се вкупно 407 новозоразени, како и четворицва починати. Активни се 535 случаи.

Драгица Николоска, директор на ЦЈЗ, вели дека дневно се вршат од 60 до 70 тестирања и дека 74 проценти од новозразените лица со ковид-19 биле заразени со сојот омикрон.
Во прилепската болница според директората Кети Смилеска хоспитализирани се 16 пациенти, од кои 13 се на кислородна поддршка. Претежно биле повозрасни пациенти и најголем дел невакцинирани. Од хопитализираните што се со потешка клиничка слика само шестмина биле вакцинирани. Во изминатите 24 часа две лица починале како последица на корона вирусот.
Засега болничкиот систем не е оптоварен, вели Смилеска, но со зголемениот раст на новозаразени не се знае дали состојбата ќе се промени.
Инаку, од почетокот на пандемијата, од пред две години, па досега во Прилеп со ковид-19 се заразиле 11.292 лица, а починале 515.

Ка.М.