Фото: Пeкселс

Најновото жариште на ковид-19 кое изби во Пекинг, е поврзано со кафулињата во главниот град на Кина и е „експлозивно“ по природа, има силен потенцијал и е сложено, изјави денеска портпаролката на градската управа.

Главниот град на Кина регистрира 46 нови случаи на ковид денеска до 15 часот по локално време – изјави здравствениот претставник Лиу Ксијаофенг.

Според неа, од вкупно 1.946 локални случаи на ковид регистрирани од 22 април, 115 се поврзани со инфекција во кафулињата.