Австриската влада го укинува карантинот за невакцинираните. Одлуката важи од 1 февруари. Ваквиот потег владата го оправдува со моментно стабилниот број на пациенти во болниците.

-Омикрон нема толку големо влијание врз капацитетот на болниците како што се стравуваше – изјавија од владата.
Експертите на комисијата која беше формирана за борба против пандемијата исто така рекоа дека заклучувањето повеќе нема смисла.

Канцеларот Карл Нехамер и министерот за здравство, Волфганг Мукштајн, најавија делумно олеснување на мерките, дури и кога беше објавено дека во Австрија е соборен нов рекорден број на новозаразени лица. Сепак, владата ја оценува состојбата во болниците и одделенијата за интензивна нега како опуштена.

На 31 јануари на полноќ завршува забраната за патување за невакцинираните. Кафулињата и рестораните се отворени до 22 часот. Правилото 2G продолжува да се применува во повеќето области (гастрономија, трговија). Од 1 февруари пропишаниот минимален интервал помеѓу втората и третата вакцинација се намалува од 120 дена на 90 дена. Од 5 февруари, постојниот полициски час, наместо од 22 часот, ќе почне на полноќ. И рестораните и кафулињата ќе работат со негативен тест од 19 февруари, а не само со потврда за вакцинација или болест.

Австрија пред неколку дена воведе нови правила за влез во земјата, според кои некои земји веќе не ги квалификува како особено ризични поради омикрон, туку воведува нови правила што важат за сите.

Сите оние што примиле две дози и бустер од вакцината може да влезат во Австрија, без никакви ограничувања, под услов бустер-дозата да важи веднаш од моментот на вакцинација. Оние што примиле две дози од вакцината, но не и бустер, мора да имаат негативен ПЦР-тест. Оние што примиле единечна доза „Џонсон и Џонсон“ исто така мора да имаат негативен тест.

Негативен ПЦР-тест е задолжителен за сите оние што имале коронавирус. Оние што не го прележале вирусот или не примиле две дози од вакцината, не може да влезат во Австрија без задолжителен карантин, дури и ако имаат негативен ПЦР-тест.

Во Австрија од денес вакцините се задолжителни.