Утре почнува второто полугодие со физичко присуство. Почетокот на второто полугодие, со одлука на Влада, беше прологирано за две недели поради епидемиолошката состојба во земјата. На утрешната седница на Комисијата за заразни болести ќе се одлучува како и кога ќе биде спроведен скринингот за ковид-19 во училиштата што го најави министерот за здравство Беким Сали.
Тој денеска изјави дека скринингот ќе биде изведен преку центрите за јавно здравје кои ја водат евиденцијата на сите позитивни случаи.

– Една од точките на утрешната седница на Комисијата за заразни болести ќе биде и ова. Утре ќе се одлучува како и кога ќе почне скринингот. Првата недела е многу важна за да се реагира брзо доколку има потреба од преземање на дополнителни мерки – изјави Сали.