Ракавици, шприцеви, искористените комплети за тестирање и шишињата со вакцини во пандемијата поради ковид-19 создадоа десетици илјади тони медицински отпад што го загрозува здравјето на луѓето и животната средина, предупредува Светската здравствена организација (СЗО).

Овој материјал, од кој дел може да биде заразен, бидејќи коронавирусот може да преживее на површини, потенцијално ги изложува здравствените работници на ризик од болести кои се пренесуваат преку бактерии.
Извештајот на СЗО повикува на реформи и инвестиции, вклучително и намалување на употребата на амбалажата што предизвика пораст на пластиката и употреба на заштитна опрема направена од материјали за повеќекратна употреба и рециклирање.

Се проценува дека околу 87.000 тони лична заштитна опрема (ППЕ), или еквивалентна тежина на неколку стотици сини китови, се нарачани преку порталот на ОН од средината на 2021 година – од кои повеќето завршиле како отпад.

Во извештајот се споменува дека од 140 милиони тест комплети, генерирано е 2.600 тони отпад, главно пластично ѓубре или хемиски отпад за да се наполни третина од Олимпискиот базен.

Дополнително, се проценува дека околу 8 милијарди дози вакцина администрирани на глобално ниво произвеле дополнителни 144.000 тони отпад во форма на стаклени шишиња, шприцови, игли и сигурносни кутии.

Извештајот на СЗО не дава конкретни примери за тоа каде има најмногу отпад, туку се споменуваат проблеми, како што се ограниченото постапување и отстранување на отпадот во рурална Индија, како и големи количини фекална тиња од објектите за карантин во Мадагаскар.

И пред пандемијата, околу една третина од здравствените установи не беа опремени за справување со постоечките количини отпад, соопшти СЗО. Тоа е дури 60 отсто во сиромашните земји, се вели во извештајот.