Фото: Архива/Маја Јаневска-Илиева

Комисијата за заразни болести на одржаниот состанок денеска одлучи да даде препорака за укинување на носењето маски за учениците во средните училишта и да се овозможи организирање екскурзии за учениците во основните и средните училишта, изјави портпаролот д-р Злате Мехмедовиќ.

Тој посочи дека се уште важат препораките наставниот и техничкиот кадар да носат маски.

– За укинување на останатите мерки ќе почекаме уште една недела. Епидемиолошката состојба има тренд на надолна линија, се намалува бројот на заразени и хоспитализирани – додаде д-р Мехмедовиќ.