Кристијано Роналдо моментно се наоѓа во карантин во Португалија. Отиде да ја посети болната мајка пред десетина дена и остана таму, затоа што во меѓувреме ескалираше ситуацијата во Италија.

Се уште е непознато до кога нема да се игра фудбал на терените во Италија, но прогнозите се дека тоа нема да се случи пред почетокот на мај.

За тоа време Португалецот тренира во домот и оттаму им испрати порака на обожавателите со цел да се спречи спречи ширењето на коронавирусот.

– Ако некогаш сте сонувале да играте за милиони ширум светот, сега е вашата шанса. Играјте внатре, играјте за светот – порача Роналдо.

Инаку Роналдо на Инстаграм го следат 208 милиони луѓе, па сигурно пораката ќе има големо влијание.

За само 20 минути, пораката на Инстаграм ја лајкнале повеќе од 700.000 луѓе.