Приказни од самоизолациjа

Во изолацијата се дружам со четката и боите

Изолацијата ми го смени животот. Многу работи станаа поинакви. Ми се смени начинот на дружење, ми се скратија прошетките и моите патувања кај мајка ми во Ниш.
И покрај сѐ, успеав да си ги разубавам деновите. Покрај секојдневните работи, сега многу повеќе се дружам со мојот телефон, четката и со боите. Речиси секој ден се слушам со некого и откако ќе го завршам разговорот, седнувам да сликам.

Омилена тема на моите слики се цвеќињата, затоа одлучив – ако зборувам со Љубица да насликам љубичици, ако зборувам со Зора зумбули, со Јасмина јасмини, со Нена нарциси, со Петра петунии, со Невена невени, со Лела лалиња, со Сузана момини солзи… Додека ги сликам се чувствувам многу убаво, релаксирано.
Насликав повеќе минијатурни сликички чии имиња почнуваат како и имињата на моите соговорници. Кога ќе заврши сево ова ќе им ги подарам.

Вукица Петрушева, пензионерка и сликарка аматерка