Коронавирусот го промени светот и влијаеше на начинот на размислување на светската популација. Ситуацијата е сериозна, а менталното здравје на поединци може да биде загрозено. Си-ен-ен објави неколку корисни совети за тоа како да се одржува ментална рамнотежа во денови во кои се менува светот.

Ограничете го изворот на информации

На интернет има бројни лажни информации за коронавирусот, па затоа треба да се најдат неколку соодветни извори, на кои може да им се верува, и оттаму да доаѓаат информациите.

Именувајте ги своите стравови

Понекогаш е корисно да се седне и да се размисли кој е вашиот најголем страв. На пример, многумина ги загрижува финасиската ситуација, посебно оние што не можат да работат од дома. Најзагрижени се оние што немаат заштеда и оние чии единствени приходи се од работата што ја работат.

– Планирањето на борбата со стравовите ќе го намали чувството на страв – пишува Си-ен-ен.

Мислите и на другите

Претераното размислување за сопствената животна ситуација може да предизвика анксиозност, па треба да сфатите дека постојат и онакви што се изложени на опасност многу повеќе од вас, како што се докторите и медицинскиот персонал, кои им помагаат на заболените.

Побарајте помош, ама мудро

Корисно е да разгоарате со некој за она што се случува во светот, за планирање на иднината во време на криза, ама на мирен начин, без ширење паника. Опцијата да се разговара со професионален психијатар е најкорисна.

Внимавајте на вашите потреби

Доволно сон, правилна исхрана и физичката активност се клучни и за вашето ментално здравје.

Не грижете се што се грижите

Стравот и грижата во вакви моменти на криза се нормални и не си замерувајте себеси за таквите чувства. Клучот е да ги сфатите своите чувства и да ги сместите во правилен контекст, за тие да не ви пречат да живеете здраво и нормално.