Во своето осумгодишно работно искуство, наставничката Шона Вудс видела многу болести што се шират низ нејзината училница.

Со зголемувањето на загриженоста околу ширењето на коронавирусот, наставничката во трето одделение активно размислувала за тоа како на креативен начин да ги натера нејзините ученици да бидат повнимателни во врска со миењето на рацете.

– Почнав да размислувам за нешто што можев да го ставам на раце, што ќе треба да го измијат. Во понеделникот наутро, гледав во печатот „г-ѓа Вудс“, што им го ставив на сите ученици на рацете. Потоа им реков да мијат рацете во мијалникот на училницата – појаснува Вудс, која предава на Јавното училиште во Холсвил, Мисури, за американските медиуми.

После првото миење печатот ставен на рацете на нејзините ученици, очекувано, бил само малку избледен.

Вудс им објаснила на своите ученици дека целта е почесто да ги мијат рацете за печатот да избледи или исчезне. На крај на училишниот ден на секој ученик што го измил печатот добивал награда.

Во сега позната објавјава на Фејсбук, Вудс ја споделува својата идеја: Давање награда на секоја ученик што ќе го измие печат до крајот на училишниот ден.