Стручњаците oд различни области дадоа одговори на неколку честопоставувани прашања поврзани со коронавирусот, објавува српскиот „Блиц“. 

Дали е безбедно да се плива во базен?

Доколку водата е правилно хлорирана, ги убива вирусите, така што пливањето во базен е безбедно. Меѓутоа, хлорот е во водата, додека останатите делови на базенот можат да бидат извор на зараза.

Како влијае вирусот врз бремени жени?

Не постојат докази дека заразената мајка ќе го пренесе вирусот на нејзиниот фетус. Во неколку случи со новороденчиња, во кои мајката имала коронавирус, ниедно не испаднало позитивно на вирусот.

Дали вирусот можат да го добијат и милениците?

Домашните миленичиња на оние што се заразени со вирусот, покажале ниско патогено ниво на тестовите. Иако, можно е во себе да имаат дел од вирусот, тие не можат да се разболат од него.  Светската здравствена организација тврди дека милениците не можат да бидат преносители на вирусот.

Колку долго вирусот останува на банкнотите?

Истражувањата покажале дека вирусот во воздухот може да опстане до три часа, четири часа на бакар, до 24 часа на хартија и дури два-три дена на пластика или нерѓосувачки челик. Од СЗО велат дека мали се шансите да се зарази некој од нешто чија температура постојано се менува (во зависност каде се носат парите), меѓутоа, поради поголема безбедност, препорачуваат плаќање со картичка или онлајн.