Приказни од самоизолациjа

295

Испит дали знаеме да поминеме време сами со себе

Самотијата воопшто не е толку лоша. Таа е вртење кон себе, разговор со себе. Лоша е оваа вонредна состојба со полициски час што ни се падна нам и на Србија, додека светот се справува со кризни мерки. Дали се немаат стратегија и логистика, потребна е апсолутна концентрација на власт или ова е еден од оние квантни скокови што не ги разбирам!?

Среќа неодамна, по повод гостувањето на филмскиот фестивал „Фест“ во Белград, ја најдов и третата книга од затворската хроника на Жарко Лаушевиќ, „Сѐ проаѓа, па и доживотна“. Си го делиме затворот, така е полесно. Јас во неговиот, не мислам на мојот. На љубителите на серии би им ја препорачала новата серија на Мартин Скорсезе, „Бордвок емпајр“, интересна крими-драма што се случува во Америка за време на прохибицијата во дваесеттите.

Излезени се 5 сезони, па може да се изгледа во континуитет. Опфаќа реални ликови од тоа време, политичари и гангстери како Ал Капоне. Изгледав многу филмови, на некои им се навратив и по вторпат. „Ло енд Бихолд“, документарец на Вернер Херцог, е еден од тие. Херцог е одличен како и секогаш, се занимава со минатото, сегашноста и иднината на интернетот и каков импакт има тој на модерното општество, гледано од различни аспекти. Жарко, пак, во втората своја книга, додека е година дена во самица ќе цитира: „Секогаш ќе има самотија за оние што ѝ се достојни“. Ете, на ова можеме да гледаме и како на испит. Дали знаеме да поминеме време сами со себе.