Приказни од самоизолациjа

417

Со пошироко отворени очи ќе гледаме на светот и на природата

Ова се денови кога сите мора со заеднички сили да ги прифатиме препораките и ограничувањата во социјалниот живот. Нашето секојдневие со сопругата Лиле и порано беше еден вид самоизолација, во нашето ателје, каде што имаме и голем двор, секој ја работи својата работа. Лиле пишува за сајтот „Дивианартс“, а јас сликам, како и вообичаено.

Динамичната брзина со која се движеше светот, забави ,но и воздухот и се прочисти. Пиеме повремено кафе во дворот со некој од соседите на препорачаната дистанца.
Со почит и восхит ги следиме напорите на сите медицински лица и персонал, за чија вистинска вредност и пожртвуваност најмногу сме свесни во моментите кога ни требаат. Се надеваме дека кога ќе заврши ова, со пошироко отворени очи ќе гледаме на светот и на мајката природа и што сѐ треба да направиме за да не го изгубиме тоа што никој не може да ни го даде, а до вчера мислевме дека ни е дадено гратис и можеме да правиме сѐ што сакаме. Белки, од ова искуство ќе излеземе попаметни и посилни, како што велат старите.

Рубенс Корубин, сликар