фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 772 тестови, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19: Скопје – 40, Охрид – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кавадарци, Струмица и Кичево – по 3, Битола – 2, Прилеп, Велес, Гостивар и Кочани – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (72), регистрирани се 8 реинфекции.

Регистрирани се 35 оздравени пациенти од: Скопје – 25, Тетово и Кочани – по 2, Куманово, Кавадарци, Кичево, Битола, Крива Паланка и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје на 75-годишна возраст. Двете лица се починати во болнички услови. Лицата се починати во период од 5 до 9 јуни.

Досега во земјата се направени вкупно 2.070.199 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.879, бројот на оздравени пациенти е 303.163, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 394.

Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 147.580, активни 284
Куманово 16.689, активни 7
Битола 15.734, активни 24
Прилеп 14.226, активни 6
Тетово 13.496, активни 11
Кавадарци 10.704, активни 8
Велес 9.802, активни 2
Гостивар 9.615, активни 4
Охрид 8.952, активни 15
Штип 8.086, активни 5
Струмица 8.083, активни 6
Кичево 5.657, активни 4
Кочани 5.103, активни 4
Струга 4.730, активни 2
Гевгелија 4.426, активни 2
Неготино 3.700, активни 2
Ресен 2.753, активни 1
Свети Николе 2.637, активни 1
Радовиш 2.531, активни 0
Крива Паланка 2.419, активни 0
Делчево 1.986, активни 0
Берово 1.693, активни 1
Дебар 1.681, активни 2
Валандово 1.488, активни 0
Виница 1.395, активни 0
Пробиштип 1.268, активни 1
Богданци 1.021, активни 0
Кратово 966, активни 0
Крушево 930, активни 0
Демир Хисар 836, активни 0
Македонски Брод 741, активни 2
Демир Капија 593, активни 0
Македонска Каменица 525, активни 0
Пехчево 486, активни 0
Дојран 347, активни 0