Фото: МИА

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.112 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19: Скопје – 52, Битола – 8, Берово – 4, Велес – 3, Охрид – 2, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Штип, Неготино и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 12 реинфекции.

Регистрирани сe 88 оздравени пациенти од: Скопје – 71, Битола – 12, Прилеп – 3, Тетово и Гевгелија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (86г), починато во болнички услови на датум 31.05.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.057.173 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.097, бројот на оздравени пациенти е 302.290, на починати е 9.307, а бројот на активни случаи изнесува 500.