Фото: МИА

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.261 тестови, а регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19: Скопје – 93, Битола – 11, Куманово – 9, Прилеп – 6, Кавадарци и Кочани – по 5, Тетово – 4, Кичево – 3, Велес и Неготино – по 2, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка, Пробиштип и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (148), регистрирани се 40 реинфекции.

Регистрирани сe 45 оздравени пациенти од: Скопје – 35, Куманово, Битола и Кавадарци – по 2, Прилеп, Кочани, Тетово и Гостивар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирано е едно починато лице од Скопје (84 години)на 27 јуни 2022 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.080.874 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка надијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.856, бројот на оздравени пациенти е 303.783, на починати е 9.323, а бројот на активни случаи изнесува 750.