Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.652 тестови, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19: Скопје – 59, Битола – 14, Прилеп – 7, Кавадарци и Охрид – по 5, Гевгелија – 4, Гостивар, Штип и Ресен – по 3, Куманово, Струмица и Неготино – по 2, Тетово, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка и Делчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (115), регистрирани се 23 реинфекции.

Регистрирани се 99 оздравени пациенти од: Скопје – 47, Битола – 20, Тетово и Берово по 4, Гевгелија, Гостивар, Ресен, Куманово и Делчево – по 3, Прилеп, Кавадарци и Пробиштип – по 2, Неготино, Кочани и Кичево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.032.020 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.413, бројот на оздравени пациенти е 300.532, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 594.

Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)
Скопје 145.917, активни 257
Куманово 16.648, активни 12
Битола 15.487, активни 121
Прилеп 14.178, активни 31
Тетово 13.464 , активни11
Кавадарци 10.659, активни 19
Велес 9.777, активни 16
Гостивар 9.594, активни 13
Охрид 8.872, активни 30
Струмица 8.068, активни 14
Штип 8.033, активни 12
Кичево 5.631, активни 9
Кочани 5.079, активни 4
Струга 4.721, активни 5
Гевгелија 4.412, активни 8
Неготино 3.681, активни 2
Ресен 2.733, активни 13
Свети Николе 2.624, активни 0
Радовиш 2.530, активни 2
Крива Паланка 2.414, активни 1
Делчево 1.980, активни 1
Дебар 1.674, активни 1
Берово 1.660, активни 1
Валандово 1.488, активни 3
Виница 1.393, активни 2
Пробиштип 1.267, активни 0
Богданци 1.020, активни 1
Кратово 966, активни 2
Крушево 926, активни 0
Демир Хисар 832, активни 2
Македонски Брод 736, активни 0
Демир Капија 593, активни 0
Македонска Каменица 523, активни 0
Пехчево 486, активни 0
Дојран 347, активни 1