Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа nаправени се 723 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19: Скопје – 75, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп и Кавадарци – по 4, Струмица – 3, Тетово, Гостивар и Охрид – по 2, Велес, Штип и Гевгелија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 29 реинфекции.

Регистрирани се 88 оздравени пациенти од: Скопје – 79, Битола – 5, Прилеп – 2, Пробиштип и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.075.632 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.360, бројот на оздравени пациенти е 303.498, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 540.

Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 147.895, Активни 342
Куманово 16.713, Активни 26
Битола 15.764, Активни 33
Прилеп 14.242, Активни 15
Тетово 13.503, Активни 10
Кавадарци 10.719, Активни 15
Велес 9.808, Активни 6
Гостивар 9.622, Активни 9
Охрид 8.972, Активни 32
Штип 8.097, Активни 13
Струмица 8.089, Активни 10
Кичево 5.659, Активни 4
Кочани 5.108, Активни 6
Струга 4.733, Активни 3
Гевгелија 4.427, Активни 1
Неготино 3.704, Активни 4
Ресен 2.756, Активни 4
Свети Николе 2.637, Активни 0
Радовиш 2.531, Активни 0
Крива Паланка 2.419, Активни 0
Делчево 1.986, Активни 0
Берово 1.694, Активни 1
Дебар 1.681, Активни 0
Валандово 1.488, Активни 0
Виница 1.396, Активни 1
Пробиштип 1.268, Активни 0
Богданци 1.023, Активни 1
Кратово 966, Активни 0
Крушево 931, Активни 1
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 742, Активни 3
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0