Фото: Пиксабеј

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 4.695 тестови, а регистрирани се 1.045 нови случаи на ковид-19:Скопје – 557, Куманово – 57, Битола – 53, Тетово – 47, Велес – 41, Охрид – 39, Прилеп – 35, Гостивар – 33, Кавадарци и Струмица – по 32, Кочани – 19, Штип – 17, Гевгелија – 14, Неготино – 12, Струга и Свети Николе – по 11, Кичево – 8, Ресен – 6, Кратово – 4, Делчево и Богданци – по 3, Радовиш и Валандово – по 2, Дебар, Виница, Пробиштип, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 132 реинфекции.

Регистрирани сe 2.418 оздравени пациенти од: Скопје – 1.456, Битола – 288, Прилеп – 130, Куманово – 84, Ресен – 61, Кавадарци и Кичево – по 54, Велес – 35, Штип – 24, Тетово – 23, Гевгелија – 22, Неготино – 20, Радовиш – 14, Охрид и Струмица – по 13, Гостивар, Кочани, Струга, Свети Николе и Крива Паланка – по 12, Демир Хисар – 10, Македонски Брод и Берово – по 9, Крушево и Пехчево – по 6, Дебар – 5, Виница и Дојран – по 4, Делчево, Богданци и Пробиштип – по 3, Кратово и Валандово – по 2, Демир Капија – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 25 починати лица: 11 починати лица од Скопје (67 години, двајца по 74 години, 76 години, четворица по 77 години, 80 години, 83 години и 85 години), 3 починати лица од Прилеп (71 година, 78 години и 86 години), по 2 починати лица од Тетово (57 години и 76 години) и Штип (65 години и 79 години) и по едно починато лице од Кратово (81 години), Крушево (82 години), Неготино (85 години), Охрид (86 години), Ресен (64 години), Куманово (76 години) и Струга (69 години). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ пријавени се дополнително 4 починати лица, Скопје (2), Свети Николе (1) и Струмица (1). Починатите се на возраст од 64 до 82 години. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 23 јануари 2021 до 2 февруари 2022 година.

Од вкупниот број на починати, 6 лица се целосно вакцинирани, а кај 26 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.818.882 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.182, бројот на оздравени пациенти е 257.280, на починати е 8.578, а бројот на активни случаи изнесува 12.324.