Во Грција денеска се регистрирани 262 нови случаи на коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата, а починалее две лица.

Вкупно починале 216 луѓе, а досега се заразени 6.177 луѓе.

Двојно е поголем и бројот на пациенти на интензивна нега. Денеска се 24, а минатата недела биле 13.

Зголемениот број на нови случаи, според властите се должи на непочитувањето на мерките за социјална дистанца во рестораните, кафулињата и на јавните собири.

Министерот за здравство, Василис Кикилијас рекол дека просекот на возраста на новозаболени опаднал на 36.

– Може да се случи и ако сте млади и мислите дека сте неранливи – напишал тој на Твитер.

Грчката влада во понеделникот најави дека рестораните нема да работат по полноќ во некои туристички дестинации како што се Миконос, Волос и Катерини, како и полуостровот Халкидики.