Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска соопшти дека во изминатите 24 часа е регистриран 61 нов случаj на ковид-19, така што вкупниот број на активни случаи е 586.

Од активните случаи, 121 пациент е во болница, од кои осум се на респиратор, а денес нема смртни случаи.

Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на коронавирус во Хрватска, регистрирани се вкупно 5.604 случаи, од кои 157 починале, а 4.861 се оздравеле.

Во моментов има 2.800 лица во самоизолација.

До денес, тестирани се вкупно 128.132 лица, од кои 727 во изминатите 24 часа.