Нови 233 случаи и петмина починати од коронавирус се потврдени денеска во Босна и Херцеговина, изјави ентитеските Заводи за јавно здравје.

Во Федерацијата БиХ тестирани се 754 примероци при што заразата е потврдена во 184 случаи. Во тој ентитет се пријавени три смртни случаи.

Во Република Српска тестирани е 281 примерок, а 49 се позитивни на коронавирус. Во болниците починаа две лица заразени од вирусот САРС-Ков-2.

Поединечно најмногу заразени има на подрачјето на Сараево каде од саботата имаше 65 нови случаи.