Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во Хрватска е откриена подваријанта на омикрон вирусот БА.2, потврдија денеска од хрватскиот Завод за јавно здравје.

Присуството на подваријантата на омикрон за загрепската телевизија Н1 го потврди и заменик-директорката на Заводот, Ивана Павиќ-Шиметин.

Станува збор за еден потврден случај. Два случаја со овој подвид на омикрон во четвртокот беа регистрирани во Словенија.

Британската агенција за јавно здравје неодамна откри повеќе од 400 случаи на подвидови на омикрон, во првите 10 дена од јануари, наведувајќи дека БА.2 е откриен уште во 40 земји, вклучувајќи ги Индија, Данска и Шведска, каде што има најмногу од овие подвидови.

Подваријантата на омикрон БА.2 го доби прекарот стелт омикрон бидејќи се претпоставува дкеа е потешка за откривање.