На Косово е потврдено присуството на омикрон, објави националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), наведувајќи дека девет од вкупно 22 тестирани примероци на заразени од ковид-19 во периодот од 15 до 25 декември биле позитивни на новиот сој на вирусот.

По два случаи заразени со омикрон допатувале од САД и од Велика Британија, еден е од Франција, додека останатите четири заразени лица, кои се од Митровица не патувале во странство и немале контакти со лица кои допатувале од странство.

Надлежните косовски институции предупредуваат дека е можно ново избувнување на епидемијата, особено поради напливот на печалбари кои доаѓааат да ги поминат новогодишните празници на Косово.