Трет ден по ред Грција урива рекорди по бројот на новозаразени со коронавирусот. За 24 часа се регистрирани 35.580 нови случаи на ковид-19, што претставува нов негативен рекорд во земјата од почетокот на пандемијата.

Има 424.682 направени тестови, а најголемиот дел од случаите, 15.713 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а само во централното подрачје има 5.007 заразени, а 3.997 случаи се во Солун.
Омикрон доминира во Грција.
Грчкото министерство за здравство денеска објави дека музиката за Нова година ќе биде забранета во сите објекти. Тоа е дел од новите мерки поради порастот на бројот на новозаразени со коронавирус откако се појави омикрон-сојот.
Актуелните сертификати за вакцинација што ги издава грчката влада на граѓаните би можеле да траат до седум месеци доколку носителот на сертификатот не добие бустер-доза, изјави денеска министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис.