Словенецот кој се вакцинираше во името на други луѓе за да добијат ковид-пропусници е осуден на 10 месеци затвор поради измама.

Парична казна е изречена за четворица мажи кои му платиле за оваа „услуга“.

Мажот кој наместо други лица, бил шест пати вакциниран, е осуден на затвор. Тој беше откриен на крајот на декември додека се обидувал да ја прими седмата доза и веднаш му беше одредена мерка притвор.

Нарачателите на услугата, исто така се осудени за измама, но тие минаа без затворска казна, при што двајца се казнети со по 2.550 евра, а двајца по 1.360 евра.