Првите два случаи на јужноафриканскиот вид на коронавирус се регистрирани во Хрватска, а е забележано значително зголемување на бројот на лица заразени со британскиот вид на вирус, изјави епидемиологот Горанка Петровиќ.

– Вчера ги добивме резултатите од редоследот на примероците што ги испративме до Европскиот центар за контрола на болести. Од 300 примероци чии резултати пристигнаа, 60 беа позитивни за британскиот вид, што е 20 проценти позитивни примероци. Тоа е прилично висок процент. Потврдена е и јужноафриканската варијанта кај две лица кои се вратиле од Африка, од Занзибар – објасни Петровиќ.

Првиот случај на зараза со јужноафриканскиот вид на коронавирусот е потврден и во Словенија, објави вчера словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар.

Станува збор за лекар од Марибор, вработен во тамошниот Клинички центар, кој минатата недела бил во Намибија со уште неколку лица од Словенија, а во понеделникот дошол на работа.

Заразени се уште две лица кои биле со него во Африка, веројатно со иста варијанта на вирусот, и уште неколку лица кои биле во контакт со нив биле испратени во карантин, рече Поклукар.