Според најновите податоци, вкупно шест лица биле заразени во Геронтолошкиот центар во Сараево.

Инфицирани се уште пет лица кои биле во контакт со претходно заразена физиотерапевтка вработена во центарот. Особено е загрижувачко што таа имала околу 20 пациенти.

Кон средината на април, кај еден од корисниците беше потврден коронавирус, а сите вработени биле тестирани и се покажало дека се негативни на вирусот.