Црногорските поморци, повеќе од 20, кои се сместени во карантинот Вучје во Никшиќ, се закануваат со штрајк со глад, поради, како што велат, невозможните услови, по тројца во секоја просторија, нивното здравје е загрозено и јадат од подот, пишува подгорички „Дан“.

Морнарите претходно се пожалија на нехуман третман на надлежните за време на транспортот и карантинот.

Офицерот за навигација Радое Џуришиќ, за подгорички „Дневник“ изјави дека секој ден се заклучувани 24 часа на ден во простории каде што не можеле да се движат и да извршуваат основни потреби.

Националното координативно тело не сакаше да ја коментира состојбата на поморците, кои велат дека, покрај лошите услови, никој не се грижи за нивното здравје.

– Баравме и тест за коронавирусот, за што ќе платиме доколку е потребно, но тие го игнорираат сето тоа. Пред две вечери речиси се случи инцидент, кога се обидоа да стават четворица поморци во една просторија. Тие одбија, па дојде интервентна полиција и се закани дека ќе ги уапси – рече Џуришиќ.