Од средата во Црна Гора биле употребени 148.255 дози вакцина против коронавирус, што значи дека близу една четвртина од населението во земјата било вакцинирано, соопшти црногорското Министерство за здравство.

Како што се наведува, околу 113,5 илјади граѓани ја примиле првата доза на вакцината, додека речиси 35 илјади Црногорци биле целосно имунизирани.

– Црна Гора вакцинираше поголем процент од своето население отколку Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово кога станува збор за земјите од регионот и Бугарија како земја членка на ЕУ, но и повеќе од Украина и Молдавија – се вели во соопштението за печатот.

Црна Гора првично доцнеше со набавка на вакцини за своите граѓани, па првите дози на руската вакцина „спутник В“ ги прими на крајот на февруари како донација од Србија, а подоцна и други 50.000 дози вакцина на „Синофарм“ од Република Кина, а во април доби вакцини на „Бионтек/Фајзер“ преку ЕУ-програмата „Ковакс“.

До почетокот на мај, само шест проценти од населението во земјата беа вакцинирани во Црна Гора, но масовната вакцинација започна во првите денови од мај, откако 200.000 дози вакцина на „Синофарм“ беа доставени од Кина, а во меѓувреме ристигнаа и првите вакцини на „Бионтек/Фајзер“, донирани од Европската Унија.

Во првите три месеци од оваа година, Црна Гора беше на врвот на листата на земји во светот според бројот на активни случаи и случаи на дневна основа. Но, благодарение на воведувањето на ригорозни епидемиолошки мерки во средината на март, кои предвидуваа затворање на образовни институции, ресторани, спортски сали и фитнес и трговски центри, бројот на активни случаи е намален од околу максимум 10.000 на 1.300 денес. Бројот на заразени на дневна основа е под сто со недели.

Црна Гора речиси го нормализира животот во втората половина на април, олеснувајќи ги речиси сите епидемиолошки мерки, а полицискиот час го укина на почетокот на мај. Сепак, носењето маски на отворено и во затворен простор е сè уште обврска за сите Црногорци постари од 5 години.