Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со т.н. „ковид-автобуси“ и ја истакнаа важноста на високата стапка на вакцинација за туристичката сезона, но и како подготовка за новиот бран на пандемијата наесен.

– Во Хрватска, вакцинирани се нешто повеќе од 40 проценти од возрасната популација, но откриен е новиот опасен индиски сој на вирусот, така што нема опуштање – рече Цапак во местото Стари Градац, од каде што денеска тргна првиот ковид – автобус кон руралните населени места.

Цапак го опиша воведувањето на ковид – автобусите како важен момент со оглед на намалениот интерес за вакцинација.

Со оваа иновативна форма, тимовите за вакцинација стигнуваат до куќите на жителите во помалите градови и до луѓето кои се двоумат дали треба да се вакцинираат и да патуваат во поголемите градови за тоа.