Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани рекордни 140 нови случаи на заразени со ковид-19, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 1.088 лица.

Меѓу нив, 124 пациенти се во болница, од кои 3 се на респиратор.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на коронавирус, досега се евидентирани вкупно 3.672 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 118 починале, а 2.466 заздравеле.

Во моментов има само 4.756 лица во самоизолација.

До денес, тестирани се вкупно 92.808 лица, од кои 1.322 во последните 24 часа.