Хрватскиот министер за труд, Јосип Аладровиќ, не ја исклучува можноста земјата да воведе скратување на работната недела поради епидемијата на коронавирусот.

Тој рече дека за следната недела е најавена седница на Економско-социјалниот совет, на која работодавците, синдикатите и владата ќе се обидат да постигнат консензус за тоа каде би можеле да се направат сите заштеди.

Потпишани се колективни договори, но очекувам претставниците на работниците да ја прифатат ситуацијата, „Индекс“ ги пренесува зборовите на Аладровиќ од настапот „РТЛ Данас“.

Тој исто така најави дека работната недела може да се намали на четири дена.