Владите во Хрватска и Босна и Херцеговина најавија дека ќе ги намалат платите во јавниот сектор за време на епидемијата на коронавирусот.

Земјите од регионот по појавата на коронавирусот презедоа разни мерки за спас на економијата, меѓу кои и намалување на платите во јавниот сектор.

Министерот за економија на Хрватска, Дарко Хорват изјави дека доколку другите методи не помогнат во време на кризата, ќе мора да бидат намалени и платите во јавниот сектор.

Во БиХ, федералниот премиер, Фадил Новалиќ, вчера порача дека во кризата со коронавирусот на сите треба да им се намалт платите.

– Секако дека сметам дека на сите треба да им се намалт платите. Ако треба ќе почнеме од највисоките функционери, немам проблем со тоа. Некои одлуки треба да ги донесе Парламентот, некои Владата. Платите треба да се намалат, почнувајќи од мене – рече Новалиќ, пренесе порталот „Кликс“.

Пред два дена претседателот на СДСМ, Зоран Заев предложи исто така намалување на платите во јавниот сектор и државна помош за приватниот сектор.