Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, вели дека вакцинирањето во ЕУ се забрзува и дека останува целта да се имунизираат најмалку 70 проценти од населението до крајот на летото.

Во својот говор пред Европскиот парламент Фон дер Лејен предупреди на претстојната борба против новите видови на ковид-19 и истакна дека Западен Балкан е изземен од механизмот на ЕУ за транспарентност и одобрување на извозот на вакцини.

– На сите ни треба предвидливост кога станува збор за испорака на вакцини. Затоа е воведен механизам за транспарентност и овластување на извозот. Немаме намера да ги ограничуваме компаниите што ги почитуваат своите договори со ЕУ, а автоматски се изземени ограничувањата на извозот во земјите од Западен Балкан, во нашето соседство, за хуманитарни потреби и во 92 земји со мал и среден приход од инструментот Ковакс – рече Фон дер Лејен.

Претседателката на ЕК вели дека досега се испорачани 26 милиони вакцини во ЕУ и дека се вакцинирани околу 70 милиони луѓе.