Во Албанија со коронавирус се дијагностицирани уште 14 лица, што е за пет случаи повеќе во споредба со вчерашниот ден.

Бројот на заболените со Ковид-19 во Албанија се зголеми на 562 лица, а во последните 24 часа тестирани се 231 сомнителен случај,од кои 35 се здравствени работници.

Од потврдените 14 случаи, еден е здравствен работник од болницата во Скадар.

Досега во Албанија починаа 24 лица, а 314 оздравеле.