Во Србија починаа уште пет лица од коронавирус.

Според последните информации, во Србија, коронавирусот е потврден кај уште 324 лица, со што вкупниот број заразени достигна 6.318 пациенти.

Во последните 24 часа беа тестирани уште 2.673 лица, а досега се тестирани 36.701.

Во моментов има 120 лица на респиратори, а 753 лица се излечени до денес.

Србија е во најдолгиот полициски час досега, што започна во 17 часот во петокот и ќе трае до 5 часот во вторник.